Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Октябрь
2025

Новости за 31.10.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Претседателот, Доналд Трамп повторно потврди в петок дека САД ќе го обноват нуклеарното тестирање, но не одговори директно кога беше прашан дали тоа ќе вклучува подземни нуклеарни тестови кои беа чести за време на Студената војна. „Ќе дознаете многу скоро, но ќе направиме некои тестирања“, им рече Трамп на новинарите одговарајќи на прашање за подземни нуклеарни тестови. „Другите земји го прават тоа. Ако тие ќе го направат, и ние ќе го направиме, во ред?“, додаде тој. Трамп во четвртокот рече дека... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ повика на мирно одбележување на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повика на мирно одбележување на годишнината од загинувањето на 16 лица при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Во обраќањето до јавноста тој изјави дека ќе отиде во црква и ќе запали свеќи за настраданите, повикувајќи ги и граѓаните да го сторат истото. „Знам дека во тага некои луѓе бараат утеха во собири, секој тагува на начин на кој смета дека е најдобро, сè додека тоа се прави во мир, јас целосно го поддржувам тоа“, порача тој. Пред една година... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Инклузива“: Да се подобри пристапноста на гласачките места за лицата со попреченост

Напредокот е видлив, но потребно е дополнително да се подобри пристапноста на гласачките места за лицата со попреченост, оценија денеска (31 октомври) од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово. Дел од гласачките места во првиот круг од локалните избори останаа непристапни за лицата со попреченост. Од здружението „Инклузива“ укажаа дека параваните за гласање не биле соодветно поставени, а во некои објекти гласањето се одвивало на вториот кат, без функционални лифтови. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Единаесет казни доживотен затвор за пожарот во Турција во кој загинаа 78 лица

Единаесет лица се осудени на казни доживотен затвор за пожарот во кој загинаа 78 лица во ски-центарот во покраината Болу во северозападна Турција во јануари. Меѓу осудените на доживотен затвор со пресудата што беше изречена на 31 октомври, е и сопственикот на хотелот „Гранд Картал“ каде што избувна пожарот. Во судскиот процес како обвинети беа опфатени 32 лица. Покрај сопственикот, меѓу нив се и членови на одборот на хотелот, менаџери и персонал, како и заменик-градоначалникот на истоимениот град Болу и вработени во противпожарната служба. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Два лека против згрутчување на крвта ќе може да се земаат на рецепт

Наместо да ги плаќаат на приватно, а потоа да чекаат рефундација на парите, два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември граѓаните ќе може да ги купуваат на рецепт во аптека. Станува збор за актикоагулансите Еноксапарин и Надропарин, а новината ја најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на брифинг со новинарите на 31 октомври. Колку ќе биде партиципацијата односно колку ќе чинат лековите на рецепт дополнително ќе се утврдува. „Граѓаните веќе не мора... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Условна казна за вториот обвинет за нападот врз Арсовска во Чаир

Второто обвинето лице за нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби условна казна затвор од две години која нема да се изврши ако во наредните пет години не стори ново кривично дело. Пресудата беше изречена денеска, 31 октомври, во Основниот кривичен суд Скопје откако обвинетиот призна вина за делото „насилство“ за коешто се гонеше. „Обвинетиот Реџеп Нуредини на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Штетата голема, лекцијата (не)научена - колку државата се подготви за следните пожари?

Во шумските пожари во Северна Македонија летово е опожарена површина од 17.107 хектари. „Национални шуми“ проценија дека штетата е до 50 милиони евра. Според полицијата, многу пожари биле намерно подметнати што повторно го покренува прашањето за одговорност и превенција. Системски пристап и инвестиции во опрема и во кадар можат да спречат идни катастрофи и да ги заштитат вредните шумски ресурси.

SlobodnaEvropa.mk 

Орбан ќе бара од Трамп ослободување од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека се надева дека ќе го убеди претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, дека Унгарија треба да биде ослободена од американските санкции врз руската нафта поради нејзината голема зависност од цевководните мрежи за снабдување со енергија. Орбан рече дека на средбата со Трамп на 7 ноември ќе разговара за американските санкции против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ и дека целта е да се склучи широк економски договор со Соединетите Држави, пренесува „Ројтерс“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Изборно финале за градоначалници, најмногу „дуели“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Македонските граѓани ќе гласаат на вториот круг за градоначалници во 33 општини, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите таму не обезбеди мнозинство. Во Град Скопје силите ќе си ги одмерат канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентот на Летонија гласаше за повлекување од Истанбулската конвенција

Парламентот на Летонија гласаше за повлекување од меѓународниот договор насочен кон борба против насилството врз жените, откако конзервативниот партнер во владејачката коалиција го поддржа потегот, спротивставувајќи им се на премиерот и на претседателот. Истанбулската конвенција, воспоставена од Советот на Европа и потпишана од десетици земји-членки, го дефинира насилството врз жените како кршење на човековите права и се занимава со различни форми на насилство врз основа на пол. Сепак, противниците... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израел ги врати останките на уште 30 Палестинци во Газа

Израел ги врати телата на уште 30 Палестинци во Газа како дел од тековниот договор за размена според планот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, изјавија на 31 октомври од една болница за АФП. Медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис за АФП информираше дека „телата на 30 палестински затвореници се примени од израелска страна како дел од договорот за размена“. Според примирјето, Израел треба да врати 15 палестински останки за секој починат израелски заложник вратен од Хамас. САД и ЕУ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Една година по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, семејствата сè уште чекаат правда

Вукашин Црнчевиќ бил средношколец кога загинал при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Неговите пријатели зборуваат за Радио Слободна Европа за тоа како се справуваат со фактот дека тој повеќе не е со нив и потсетуваат дека, една година подоцна, никој сè уште не е казнет за тоа. При уривањето загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено. Одбивањето на владата да ја прифати одговорноста предизвика најмасовни антивладини протести во последните 25 години.

SlobodnaEvropa.mk 

Последен ден од изборната кампања за вториот круг од локалните избори

Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. В сабота (1 ноември) во општините каде што ќе има втор круг за градоначалници вообичаено први ќе гласаат болните и изнемоштените... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дали укинувањето на санкциите против Додик отвора ново политичко поглавје во Босна и Херцеговина?

Еден ден откако Соединетите Држави ги укинаа санкциите против Милорад Додик, се поставува прашањето - дали ова значи ново политичко поглавје во Босна и Херцеговина? Аднан Черимагиќ, аналитичар на Европската иницијатива за стабилност од Берлин, смета дека со овој потег САД покажуваат дека сè уште се „на возачкото седиште“ кога станува збор за меѓународниот ангажман во Босна и Херцеговина. „Одлуката за укинување на санкциите е дел од напорите на администрацијата на Трамп, кои траат веќе неколку месеци... Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *