Финското претседателство со нов обид за отворање преговори со Северна Македонија
За предлогот на финското претседателство вечерва треба да расправаат амбасадорите на ЕУ на таканаречениот корепер состанок, но не се знае дали предлогот ќе биде прифатен пред се од Франција, која всушност бара најпрвин да се донесе новата методологија за процесот на проширување, а потоа да се додели датум за преговори за Северна Македонија и Албанија.
Во обид да ги задоволи француските барања, Финска најави дека во предлог заклучокот како земја која претседава со ЕУ ќе побара и промена на пристапот во процесот на проширување, кој наверојатно ќе добие формална рамка следната пролет. За Албанија, која исто така очекува отворање на преговорите има сличен предлог, но со три забелешки кои земјата најпрвин ќе треба да ги исполни до почетокот на преговорите со ЕУ.