Грција во Албанија праќа мобилни кујни и градежни инженери
Грција праќа во Албанија три мобилни кујни на грчката војска и градежни инженери за регистрација на штетите. Со специјален лет на грчкото воено воздухопловство за Тирана веќе заминаа мобилните кујни од војската, по телефонскиот разговор и договорот меѓу премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и премиерот на Албанија, Еди Рама.
А попладне треба да замине и специјален тим од 16 градежни инженери од Генералниот директорат за санирање на последиците од природни катастрофи на Министерството за инфраструктура на Грција.
Специјалната единица за справување со катастрофи која во изминатите денови учествуваше во спасувачката акција ќе се врати во Атина.