Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Ноябрь
2019

Новости за 29.11.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Ирак ќе поднесе оставка

Ирачкиот премиер Аден Абдел Махди денеска изјави дека ќе си поднесе оставка по речиси два месеца од антивладините протести во кои загинаа над 400 луѓе. Тој во изјавата денеска посочи дека наскоро писмото со оставка ќе го достави до Парламентот, по што пратениците ќе можат да изберат нова Влада. Тој оваа функција ја презеде пред една година. Претходно Врховниот шиитски свештеник во Ирак, ајатолахот Али Систани ја осуди употребата на сила против антивладините демонстранти и ги повика демонстрантите да го отфрлат насилството и вандализмот.

SlobodnaEvropa.mk 

Терористички инцидент во Лондон

Неколку луѓе се прободени со нож, по што напаѓачот е застрелан соопшти британската полиција. Нападот кој полицијата го опиша како терористички инцидент се случил на мостот во центарот на Лондон. Британската полиција соопшти дека по инцидентот има дополнителни полициски патроли.

SlobodnaEvropa.mk 

„Здравјето пред профитот“ - порака на зелената револуција

Вкупно 250 барања доставија до владата група на граѓани и претставници на невладини организации кои денеска искачија на протестен марш. Тие бараат да се решат проблемите на 12 жешки точки кои досега ниту една влада не ги решила.

SlobodnaEvropa.mk 

Нема одлука за Гоце Делчев на македонско-бугарската комисија

Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев се темите за кои разговараа членовите на Заедничката македонско-бугарска на деветтата средба, која се одржа вчера и денеска во Софија. Тие во овие два дена не постигнаа напредок по прашањето за Гоце Делчев. Според изјавите од македонскиот тим во Комисијата усогласени се препораки за бугарските учебници и започната е дискусија за евентуално чествување на Гоце Делчев. „Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Млади на чело на маршот на „Зелената револуција“

„Сакам да дишам“,„Здравјето пред профитот“ и „Воздух за сите“ беа дел од паролите на протестот под име „Зелена револуција“ кој беше организиран од иницијативата „О2“. Десетина граѓански организации и стотици граѓани маршираа од министерството за животна средна преку Собрание до Влада во знак на револт за неисполнетите ветувањево справувањето со загадувањето. Тие бараат решавање на 12 жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Одлучувањето на Уставниот суд за аболицијата е предизборна стапица

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека е симптоматично што преку ноќ станува актуелна темата со одлучувањето на Уставниот суд на само неколку месеци пред изборите. Тој во реакцијата што беше испратена до медиумите вели дека ова тема е стимулирана од провладините структури.  „Ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, се со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Демант од СОЗР за злоупотреба на владиниот лирџет

Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски, заминал заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ на шетање во Љубљана, јавуваат дел од медиумите, тврдејќи дека за тоа имаат потврда од М-НАВ. Од дирекцијата, пак,  ги демантираат таквите тврдења. „Станува збор за тренинг лет, кој заради безбедност мора да се изврши за владиниот авион. Летот е извршен на релација Скопје-Охрид-Љубљана. Во авионот има двајца пилоти, еден инструктор и четири лица. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иванов:Недобивањето датум за преговори го носи Балканот во нова неизвесност

Недобивањето датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ наМакедонија и Албанија го става Западниот Балкан во нова неизвесност. Ова денеска го изјави поранешниот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање денеска во италијанскиот Сенат на сесијата посветена на иднината на Европа, со која претседаваше поранешниот министер за надворешни работи на Италија и поранешен еврокомесар, Франко Фратини. Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање се осврнал на актуелните настани во Европа и нејзиното опкружување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ побара Собранието да го толкува членот за помилувањето

Пратеничката група на СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. „Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние. Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. Тој вели дека одредени структури... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Димитров - Идејата на францускиот предлог е да се забрзат преговорите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи. „Важно е што се става акцент кога се презентира нон-пејперот дека идејата е да се забрза процесот. За нас е важно во регионот да има еден процес за да можеме да се натпреваруваме рамноправно со другите земји кои веќе се во пристапниот процес како што се Црна Гора и Србија, инаку нема да има реформски натпревар. И важно е што поитно да се постигне консензус меѓу земјите членки... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пендаровски апелираше до уставните судии да се разбудат

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека евентуалната одлука на Уставниот суд со која практично би се активирало помилувањето кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на осомничени за сериозен криминал би била директен удар на демократијата и правната држава. Тој апелираше до судиите кои гласаа за покренување на таа иницијатива, како што вели, да се разбудат на време и да сфатат дека во оваа земја Никола Груевски повеќе не е господар на нашите животи. „Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Даниелсон се сретна со Османи и со Мицкоски

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи се сретна со директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Кристијан Даниелсон. Од Секретаријатот за европска политика велат дека на средбата се разговараше за европските интеграции на земјава и перспективите околу враќањето на процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, откако во октомври не добивме датум за преговори. Османи вели дека радува фактот што постојан бројни иницијативи на земјите членки за враќање на процесот на агендата на ЕУ. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Боки 13 останува во болница до понеделник

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13, останува во Градската општа болница „8-ми Септември“ се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, по што најдоцна во понеделник ќе биде испуштен од болничката установа, соопштија денеска од болницата. Јовановски беше хоспитализиран во ГОБ „8-ми Септември“ поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. „Сместен е во апартман во одделението за интензивна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУЛЕКС мисијата на Косово доби нов шеф

Ларс Гунар Вигемарк ќе биде новиот шеф на мисијата ЕУЛЕКС на Косово од први декември, соопшти европската служба за надворешни работи. Вигемарк ќе биде задолжен да им помага на косовските институции во реформите во владеењето на правото како и да постигнат поголема ефикасност, одржливост, одговорност, и ослободување од политичко и партиско влијание, во согласност со европските правила. Мандатот на Вигемарк трае до 14 јуни 2020. Новиот шеф на мисијата е шведски државјанин, претходно бил шеф... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Протести во Кабул против изборни измами

Илјадници демонстранти денеска маршираа во Кабул против изборни измами. На протест излегоа поддржувачите на главниот извршен директор на Авганистан, Абдула Абдула. Тие се собраа на плоштадот пред Претседателската палата, и покрај предупредување од полицијата да не се собираат во близина на тоа место. Тимот на Абдула, кој е организатор на митингот, бара Независната изборна комисија да поништи околу 300 илјади гласови, за кои сметаат дека се стекнати со имама. Лидерите на протестот велат дека ќе... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе утврди ли Комисијата чиј е Гоце Делчев?

Доколку мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски прашања продолжи да инсистира во нејзината работа да се утврди и да се напише на документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, нема да имаме решение, изјави членот на македонската Комисија, Драги Георгиев за Бугарската национална телевизија. „Гоце Делчев е многу чувствителна тема и да се одговори на тоа дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец и да се бара тоа од нашата комисија, јас сметам дека е апсолутно не упатно. Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд на чекор до „правно харикири“

Шест уставни судии гласаа за, а тројца против на дневен ред да биде ставена иницијативата за оценувањето на одлуката на претседателот Иванов за повлекување на аболицијата. Правни експерти велат дека тоа не значи пропаѓање на процесите на СЈО, туку дека се отвора пат за тоа да се случи.

SlobodnaEvropa.mk 

Дескоска - Собранието може да спречи да се активираат амнестиите на Иванов

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека постојано се прават обиди за избегнување на правдата и за неказнивост на сериозни кривични дела. Обидите се движат од постојано одложување на судски постапки до иницирање на постапки до Уставниот суд за укинување на членови на кривичниот закон, а сега и на законот за помилување, рече Дескоска. „Целта на овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на СЈО, а сега ги продолжи редовното обвинителство. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грција во Албанија праќа мобилни кујни и градежни инженери

Грција праќа во Албанија три мобилни кујни на грчката војска и градежни инженери за регистрација на штетите. Со специјален лет на грчкото воено воздухопловство за Тирана веќе заминаа мобилните кујни од војската, по телефонскиот разговор и договорот меѓу премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и премиерот на Албанија, Еди Рама. А попладне треба да замине и специјален тим од 16 градежни инженери од Генералниот директорат за санирање на последиците од природни катастрофи на Министерството за инфраструктура на Грција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Систани ја осуди употребата на сила против демонстранти

Врховниот шиитски свештеник во Ирак, ајатолахот Али Систани ја осуди употребата на сила против антивладините демонстранти и ги повика демонстрантите да го отфрлат насилството и вандализмот. За време на протестите загинаа најмалку 350 луѓе, а илјадници се повредени. Ајатолахот вели дека парламентот и сегашната влада треба да го преиспитаат своето однесување и да постапат во интерес на земјата. Граѓаните излегоа на протести со барање да се намали невработеноста, да се стави крај на корупцијата и да се подобрат јавните услуги. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Турција разреши 16 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Скопје

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави претседателски декрет со кој од должноста се разрешуваат амбасадорите на Турција во 16 земји, меѓу кои и во Северна Македонија. Според декретот, сите разрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници. Пред две недели од амбасадата на Турција во Македонија преку... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најновиот биланс на жртви во Албанија е 49

Најновиот биланс на жртви од земјотресот во Албанија е 49, од кои 25 се загинати во Драч, а 23 во Туман и една жртва во Љач, соопшти утрово премиерот Еди Рама на вонредна седница на владата. Тој вели во Драч, 1.260 луѓе се сместени надвор од своите домови, дел во хотели, во школски сали, а дел се во шатори или кај свои блиски. Во Туман околу 500 луѓе се сместени во шатори и подоцна ќе бидат сместени во хотели. Во Тирана 3.480 луѓе се без покрив на глава и тие се сместени во приватни центри, шатори или кај свои блиски. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Што следува ако се утврди правото на дишење чист воздух?

По четири месеци од поднесената тужба против загадувањето на воздухот во Основниот суд е закажано рочиште. Екологистите не очекуваат да се случи чудо, но велат дека добро е што преку тужба се укажува оти сите рокови за справување со аерозагадувањето се пречекорени.

SlobodnaEvropa.mk 

Прес конференција на Столтенберг за самитот на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел ќе одржи прес конференција во врска со претстојниот самит на Алијансата во идната недела во Лондон. Еднодневниот собир на лидерите на 29 земји членки на НАТО тогаш ќе ја одбележат 70 годишнината од постоењето на овој најголем воен сојуз во светот. Столтенберг вчера во Париз имаше состанок со францускиот претседател Емануел Макрон кој претходно оцени дека НАТО претпрпел „мозочен удар“ и оти е неопходно да се преразледаат односите во самата Алијанса. Читать дальше...


В Новой Москве суд арестовал убившего пенсионерку-домработницу подростка

До 26 градусов тепла: как изменится погода в Москве на предстоящей неделе

В Москве ушёл из жизни посол Гондураса Эльвир Сальгадо

Жителей Москвы ожидает ясная погода



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В Москве 11-летнего мальчика госпитализировали после столкновения с самокатчиком

Крупную партию наркотиков обнаружили в квартире на севере Москвы

Пьяный подросток разбил десять машин на парковке в Красноярске

Тренер "Крыльев" Осинькин заметил у "Динамо" чемпионский фарт

Музыкальные новости

Гунга Чимитов в театре кукол Улэгэр - Россия, Культура, Театр, дети

Против незаконного визита Лукашенко в оккупированный и деарменизированный Карабах высказался не МИД Армении, а Тихановская. Фоторяд

Аналитик Пиллсбери: объятия Путина и Си Цзиньпина стали поражением для США

«Пятёрочка» подарила 1 000 000 рублей Дзержинской школе по итогам «Здоровой Олимпиады»

Новости России

Крупную партию наркотиков обнаружили в квартире на севере Москвы

SHOT: в Москве ищут 13-летнюю школьницу, которая ушла из дома 17 мая

Топ-10 новостей: Землетрясение, режим ЧС, прибытие самолета-зондировщика

Купальница народный праздник, который отмечают 20 мая 2024 года

Экология в России и мире

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

Россия, Культура, Театр и Дети - о ПДД детям показали артисты постановку в театре кукол Ульгэр в Бурятии

В Санкт-Петербурге открылся первый магазин китайского бренда Balabala

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

Спорт в России и мире

Теннисист Медведев может спуститься на пятое место в ATP после "Мастерса" в Риме

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Свищёв: МОК и ITF не будут реагировать на призывы наказать Хачанова

Джокович выступит на турнире АТР по уайлд-кард в третий раз в карьере

Moscow.media

Военные следователи провели рейд по бывшим мигрантам в Алуште

Вендор технологических решений DатаРу перешел на сервис кадрового ЭДО от HRlink

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

16-летнюю Volvo продали за рекордный срок







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *