Најновиот биланс на жртви во Албанија е 49
Најновиот биланс на жртви од земјотресот во Албанија е 49, од кои 25 се загинати во Драч, а 23 во Туман и една жртва во Љач, соопшти утрово премиерот Еди Рама на вонредна седница на владата.
Тој вели во Драч, 1.260 луѓе се сместени надвор од своите домови, дел во хотели, во школски сали, а дел се во шатори или кај свои блиски.
Во Туман околу 500 луѓе се сместени во шатори и подоцна ќе бидат сместени во хотели. Во Тирана 3.480 луѓе се без покрив на глава и тие се сместени во приватни центри, шатори или кај свои блиски.
Според податоците со кои располага, Рамa вели дека во Драч се оштетени преку 700 станови од кои 12 потполно, а оштетени се и 176 згради. Во Тирана оштетени се 230 станови, од кои 15 потполно, а 8 згради се надвор од функција, преку 60 се тешко оштетени.
Тој повторно повика финансиската помош да се испраќа на државната е-платформа e-albania.al, за да може парите транспарентно да се трошат. Рама рече дека досега се собрани преку пет милиони евра и 1,5 милини долари, а на преку други веб страници биле собрани 4,5 милиони евра.
Во Драч и во Туман е завршено со спасувачките акции и сега се расчистува теренот.