Иванов:Недобивањето датум за преговори го носи Балканот во нова неизвесност
Недобивањето датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ наМакедонија и Албанија го става Западниот Балкан во нова неизвесност. Ова денеска го изјави поранешниот претседател Ѓорге Иванов во своето обраќање денеска во италијанскиот Сенат на сесијата посветена на иднината на Европа, со која претседаваше поранешниот министер за надворешни работи на Италија и поранешен еврокомесар, Франко Фратини. Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање се осврнал на актуелните настани во Европа и нејзиното опкружување, како и на последните случувања во регинот во контекст на неговата европска перспектива, при што додаде дека повеќето земји од Балканот, поради спротивставените интереси на големите сили, може повторно да генерираат трајна нестабилност.