Над 100.000 евакуирани на Филипини поради тајфунот Камури
Филипинските власти соопштија дека се евакуирани над 100 илјади лица од своите домови поради тајфунот Камури, за кој се очекува утре да ги погоди најнаселените делови од земјата, меѓу нив и главниот град Манила, јави АП.
Според проценките, се очекува дека тајфунот Камури утре ќе има сила како ураган од трета категорија и дека ќе го погоди најнаселениот остров Лузон, на југоистокот од земјата.
„Мораме да ги евакуираме, а за оние жители кои се тврдоглави, наредив полицијата присилно да ги однесе во најблиските засолништа“, изјави Ал Францис Бичара, гувернер на провинцијата Албај.