Град Скопје најави кривична против фирмата на која и истече киселина
Градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која и истече солна киселина, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Синоќа од цистерната истече солна киселина во близина на фабриката МЗТ во Општина Гази Баба.
Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави.
Инспекторот за инцидентот информираше вчера, нагласувајќи дека инспекторите од Град Скопје реагирале веднаш и дека е пронајден сторителот.
Инспекторатот на Град Скопје констатирал дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.