Русија тестира воена опрема на Крим, а САД и сојузниците вежбаат на Црно Море
Вкупно 32 земји, сојузници и партнери на НАТО присуствуваа на вежбата на Црното Море, која започна на 28 јуни и ќе трае до 10 јули. Вежбата „Морски ветер 2021“ се спроведува во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот, по инцидентот минатата недела, во кој беа вклучени Русија и британски воен брод на крајбрежјето на Крим.
Вежбата вклучува 5.000 војници, 32 брода, 40 авиони и 18 специјални операции и нуркачки тимови.
Руската црноморска флота, пак, соопшти дека распоредила околу 20 авиони и хеликоптери, вклучително и бомбардери Су-24М, како и С-400 ракетни системи земја-воздух.
„Црноморската флота прави голем број работи за да ги следи дејствијата на бродовите на НАТО и другите земји кои учествуваат во воената вежба Морскиот ветер 2021“, соопшти Националниот центар за управување со одбрана, пренесува Интерфакс.
САД и Украина предводат воена вежба на Црно Море во која учествуваат 32 земји
Москва повика да се откажат воените вежби на Црното Море пред да започнат, а руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ја заштити националната безбедност доколку биде потребно.