Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

СЗО-повеќе од половина Европјани ќе се заразат со Омикрон следниве недели

Повеќе од половина жители на Европа се очекува да се заразат со Омикрон сојот на коронавирусот во следниве два месеца, соопшти Светската здравствена огранизација денеска додека милиони во Кина се соочуваат со нови затворања на двегодишнината од првиот смртен случај од ковид во светот. Високозаразниот сој се шири низ земјите со брзо темпо поради што владите преземаат новите мерки и повикуваат на земање засилувачка трета доза вакцина.



Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид


Сега Европа е епицентар со алармантно високи бројки на новозаразени што придонесува да се зголеми бројката на хоспитализации и смртни случаи, соопшти СЗО, наведувајќи дека ако продолжи заразувањето со истото темпо вирусот ќе го добијат половина од жителите на континентот.


"Институтот за здравствена метрика и евалуација прогнозира дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со Омикрон во следните шест до осум недели“, рече Ханс Клуге, регионален директор на европската канцеларија на СЗО.


Клуге потврди дека Омикрон се шири побрзо од претходните соеви на коронавирусот, но додаде дека вакцините продолжуваат да даваат добра заштита од посериозно заболување и смрт. Инаку сето ова се случува точно на две годишнината од првиот смртен случај од Ковид19, 61 годишен маж од Вухан, Кина. Од 11 јануари 2020 година досега на светско ниво починаа речиси 5,5 милиони луѓе како последица на вирусот.



Фајзер развива две-во-една вакцина што ги таргетира омикрон и поранешните видови


Кина во голема мера ја држеше под контрола епидемијата прземајќи мерки како заклучувања, затворање граници и масовни тестирања, но бројката на новозаразени во некои големи градови ја тестираат стратегијата „Нулта ковид“ на само неколку недели пред Зимските олимписки игри во Пекинг.




Неколку повеќемилионски градови сега повторно се затворени, се вршат масовни тестирања, иако Кина во вторникот пријави 110 нови локални случаи, што е мала бројка во споредба со стотиците илјади што се појавуваат дневно во глобалните жаришта како што се Соединетите држави.

 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *