Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Январь
2022

Новости за 11.01.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот закон за прислушување спротивен на Конвенцијата за човекови права

Европскиот суд за човекови права пресуди дека бугарскиот закон за следење и начинот на чување на податоците ја прекршува Европската конвенција за човекови права. Судот денеска соопшти дека судиите едногласно донеле одлука за случајот изнесен пред судот од двајца бугарски адвокати, заедно со две организации за човекови права, дека Бугарија не се придржува до конвенцијата за човекови права со нејзиниот Закон за специјални средства за надзор од 1997 година. Прислушувани 1000 луѓе во Бугарија за време на антивладините протести - новинари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Утре ќе биде поништена лиценцата на „Беса транс“

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Според извештајот на Инспекторатот за труд има разлики во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција, рече министерот. Бектеши додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Петков сепак доаѓа во Скопје

Новиот бугарски премиер Кирил Петков сепак ќе ја посети Македонија на 18 јануари, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Неговата посета ќе соодветствува и со изборот на новата Влада во земјава, велат од МНР. Во соопштението се наведува дека по денешните консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји било констатирано дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Петков нема... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за престрелките на ерменско-азербејџанската граница

Азербејџански војник е убиен, а тројца ерменски војници се ранети денеска, во најновата престрелка долж ерменско-азербејџанската граница. Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за насилствата. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили отвориле оган во граничната област кај Верин Шоржа во источната ерменска провинција Гегаркуник. Според нив, тројца ерменски војници биле ранети, а „непријателскиот оган бил потиснат по возвратните акции од ерменска страна“. Тие соопштија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Парното нема да поскапи, владата ќе ја покрие разликата во цената

Владата ќе ја покрие разликата од актуелната цена на парното греење во Скопје до реалната и тие пари ќе им ги уплати на топлинските компании, соопштија денеска министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски на прес-конференција во Владата. БЕГ тврди дека парното греење е по пропис, корисниците мрзнат Тие ги повикаа Град Скопје и општините во Град Скопје да ги покријат останатите 20 проценти. Бектеши рече дека според сегашните цени на природниот гас... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бучковски разрешен од должност специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го разреши Владо Бучковски од позицијата Специјален претставник за Бугарија, објави МИА. Од Владата посочуваат дека му благодарат на Бучковски за сите ангажмани и напори со кои придонесе кон одржувањето на добрососедските и пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија во време на предизвици кои подразбираа потреба од мудар, трпелив и посветен однос кон барањето решенија. Бучковски- не го измислив јас поимот заедничка историја „Се очекува, согласно разговорите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нов земјотрес од 4,5 степени меѓу Битола и Лерин

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,5 степени регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево во 16.14 часот во Грција. Освен вознемиреност кај населението, земјотресите не предизвикаа поголеми материјални штети Епицентарот на земјотресот е во пограничното подрачје Битола – Лерин, на 120 километри јужно од Скопје. „Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Рекордни 1964 случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатото деноноќие се регистрирани 1964 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 13 луѓе починаа. Ова е најголем дневен број на новозаразени во земјава од почетокот на пандемијата. Седум луѓе починале во изминатите 24 часа, а шестмина меѓу 30 декември и 8 јануари, но сега се пријавени. Починатите се на возраст од 39 до 87 години. Направени бил е 7.724 тестови. Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид Најголем број од новите случаи, 1070, се во Скопје, во Битола има 226, Прилеп 122... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во бомбардирање во Етиопија убиени 17 цивили

Во бомбардирање на армијата во етиопскиот регион Тиграј загинале 17 цивили, соопштија локалните власти. Најголемиот дел од загинатите се работнички кои работеле во млин во дистриктот Маи Тсебри. Напади со дронови во регионот има речиси секојдневно, изјави за новинската агенција АП еден хуманитарен работник. Етиопските влада и војска не одговараат на прашања за овој напад. ОН - На најранливите во светот ќе им треба помош од рекордни 41 милијарди долари Претседателот на САД Џо Бајден го повикал... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД донираат уште 308 милиони долари помош за Авганистан

Соединетите Американски Држави ќе донираат дополнителни 308 милиони долари хуманитарна помош за Авганистан, објави Белата куќа на 11 јануари, со што вкупната американска помош за земјата погодена од војна изнесува речиси 782 милиони долари. Најавата доаѓа по денешниот апел на Обединетите нации за помош од 5 милијарди долари за Авганистан оваа година за да се спречи хуманитарна катастрофа. Уапсен универзитетски професор во Авганистан поради критики кон талибанците Дополнителната помош од... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За новата влада Собранието ќе гласа во сабота

Претседателот на Собранието Талат Џафери седницата за избор на новиот состав на владата ќе ја свика во сабота, 15 јануари 2022 година, во 11:00 часот. Ова Џафери му го соопштил на мандатарот Димитар Ковачевски на денешната средба кога тој во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа. „Денеска, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Се одложува посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје

Посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, соопшти прес-службата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков, кој е во изолација поради контакт со заразен од ковид, привремено на сите веќе планирани средби ќе го менува вицепремиерката Калина Константинова. Претходно бугарската влада информира дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови. Петков продолжува... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Деблокирање на преговорите клучни за стабилноста на регионот

Албанскиот претседател Илир Мета е во посета на Скопје. Тој денеска имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која констатирале дека треба да се отстрани блокадата за членството на двете земји во ЕУ. Експерти сметаат дека односите меѓу Албанија и Македонија се на одлично ниво.

SlobodnaEvropa.mk 

Николоски- новата влада е потпишана од Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска рече дека владата предложена од новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски била составена од „поразени политичари коишто економски и криминално ќе ја доуништат Македонија“. Второ, додаде тој, се работи за влада на континуитет, а никаква нова влада и дека во неа доминираат премиерот во оставка Зоран Заев, Оливер Спасовски и политичката партија ДУИ. „Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковачевски го достави предлогот за Влада до Собранието

Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска напладне на претседателот на Собранието Талат Џафери официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. „Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од Алтернатива. Ресорите се согласно со преземените одговорности во Владата и во согласност со Програмата на Владата. Програмата е континуитет на изборниот легитимитет којшто е добиен на изборите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО-повеќе од половина Европјани ќе се заразат со Омикрон следниве недели

Повеќе од половина жители на Европа се очекува да се заразат со Омикрон сојот на коронавирусот во следниве два месеца, соопшти Светската здравствена огранизација денеска додека милиони во Кина се соочуваат со нови затворања на двегодишнината од првиот смртен случај од ковид во светот. Високозаразниот сој се шири низ земјите со брзо темпо поради што владите преземаат новите мерки и повикуваат на земање засилувачка трета доза вакцина. Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид Сега Европа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЗЕЛС бара итен состанок со Владата поради зголемените цени на енергенсите

Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на цените на енергенсите. Претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје Данела Арсовска на денешната прес-конференција информираше за заклучоците од втората седница на Управниот одбор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид

Бројот на заразени со ковид 19 е во пораст. Зголемена е и продажбата на брзи тестови за ковид, бидејќи за термин за ПЦР треба да се чека неколку дена. Матичните советуваат скратување на деновите за изолација, бидејќи новиот сој на корона вирусот има полесна клиничка слика

SlobodnaEvropa.mk 

Телефонски разговор Брнабиќ- Морисон за Ѓоковиќ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ побарала од премиерот на Австралија Скот Морисон австралиските власти да имаат фер третман кон тенисерот Новак Ѓоковиќ, соопшти Владата на Србија. Српската премиерка телефонски разговарала со Морисон вечерта на 10 јануари, а по одлуката на судот во Австралија првиот тенисер во светот да биде ослободен и да му важи влезната виза. Ѓоковиќ „задоволен и благодарен“ откако го доби судскиот спор Австралиските власти претходно му ја укинаа визата на Ѓоковиќ, кој... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковачевски напладне во Собранието ќе ги достави предлозите за составот и за програмата на владата

Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски  денеска напладне на претседателот на Собранието Талат Џафери официјално ќе му ги достави Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. Ковачевски синоќа, на прес-конференција по завршувањето на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, ги објави имињата на предложените членови на новата влада од оваа партија. Ковачевски со нова влада и старо нови ветувања пред Собранието За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дали кризата во Казахстан ќе влијае врз плановите на Путин за Украина?

Со најавените еднонеделни разговори и со засилувањето на руската војска на границата со Украина, експертите се поделени околу тоа дали немирите во Казахстан ќе му дадат на Кремљ изговор да се повлече или да оди понатаму. Рид Стендиш

SlobodnaEvropa.mk 

Порфириј- спорот меѓу МПЦ и СПЦ треба да се решава на релација Скопје-Белград

Состојбата на раскол, не е природна и одржлива и затоа од се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог. Уверен сум дека единствениот правилен пат по кој треба да се оди за да се добие трајно решение на овој проблем, е патот од Скопје до Белград, или од Белград до Скопје, како и да е, изјави српскиот патријарх Порфириј во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и настојувањата прашањето да се реши преку Вселенската патријаршија. Во божиќното интервју за „Политика“, Порфириј... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот број за итни случаи 112 етапно ќе стартува годинава

Новиот систем за итна помош со повикување на единствениот европски број 112 ќе стартува етапно годинава. Во меѓувреме во функција ќе будат и броевите за итна помош, полиција и противпожарните единици. Владата ги задолжи Телеком и А1 да ги активираат бесплатно сервисите за Е-112.

SlobodnaEvropa.mk 

Расте бројот на хоспитализирани и на реинфекции

Согласно анализите на Институтот за јавно здравје во период од една седмица за 51 отсто е зголемен бројот на позитивни на Ковид19 од тестираните. Расте и бројот на оние кои се заразиле иако претходно го имале прележано вирусот. „Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела“, наведуваат од Министерството за здравство. Фајзер развива две-во-една вакцина што ги таргетира омикрон и поранешните видови... Читать дальше...


В Москве женщина начала рожать в пункте выдачи маркетплейса

В обход Самотлора. РуссНефть завершила модернизацию инфраструктуры Нижневартовского блока

Дорога между Южной Рокадой и МСД в Москве готова на 70 %

Производитель Подмосковья разработал систему управления светодиодным освещением



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Трагедию и подвиг Чернобыля помнят в Москве

Дубненскую и Талдомскую больницы объединили для удобства жителей

Костомаров и Домнина нанесут символический удар перед матчем ЦСКА — «Зенит»

Ляэнеметс: Заявление по поводу Московского патриархата не связано с религией

Музыкальные новости

Российская империя в фото 40

Актерское агентство Киноактер. Актерское агентство в Москве.

Россия и Дети: театр кукол Ульгэр в Бурятии покажет концерт-представление "Вальс Победы"

«Коноплянка» гнездится в России // Московский «Кристалл» начнет выпуск белорусской водки

Новости России

Неадекватный мужчина избил 9-летнюю школьницу на улице в Люберцах

Нелегал из Киргизии развратил семиклассницу в парке на востоке Москвы

«Конфликт интересов»: могут ли в России поднять МРОТ до 30 тысяч рублей

В Подмосковье восстановили права граждан на безопасность при эксплуатации газа

Экология в России и мире

Несколько вопросов и ответов для подростков про Инфекции, Передающиеся Половым Путем

С 29 апреля по 5 мая 2024 года проходит Неделя профилактики инфекций, передающихся половым путем

«Популярные» мифы об ИППП

Российская империя в фото 40

Спорт в России и мире

Свентек стала первой полуфиналисткой турнира WTA-1000 в Мадриде

Россиянка Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису

Андреева обыграла Паолини и вышла в 1/4 финала турнира WTA в Мадриде

Рыбакина узнала неприятную новость перед "казахстанским дерби"

Moscow.media

Актерское агентство Киноактер. Актерское агентство в Москве.

Заря на Колодозере....

Портативный сканер штрих-кодов Heroje C1271 промышленного класса

В преддверии Дня Победы в Великой Отечественной войне росгвардеец рассказал о поисковой деятельности







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *