Во Скопје средба меѓу претседателите на Македонија и Албанија Пендаровски и Мета
Албанскиот претседател Илир Мета во рамките на тридневната посета на Скопје денеска ќе се сретне со претседателот на државава Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Мета Во вчерашното гостување на ТВ 21, тој рече дека двете држави треба да ги зголемат напорите за да се движиме заедно по пат до членство во ЕУ и да се најде решение со Бугарија, односно билатералните прашања да не бидат пречка за пристапувањето на некоја држава кон ЕУ.
Мета-Албанија не треба да се одвои од Македонија на патот кон ЕУ
„Не би сакал никогаш да се разделиме, бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес“, истакна Мета, оценувајќи дека досегашното вето од Бугарија е неоправдано, бидејќи е неприфатливо билатерално прашање да стане пречка за проширувањето, бидејќи излегува дека секоја држава членка на ЕУ да може да постави вето било кому. Мета најави дека наскоро ќе го посети бугарскиот претседател Румен Радев и ќе разговара за она што може да се стори за решавање на македонско-бугарскиот спор.