Ковачевски се очекува да го достави предлогот за состав на владата до Собранието
Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски се очекува денеска до Собранието да ги достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата. Ковачевски вчера изјави дека подготовките за новата влада се на самиот крај, а програмата и кадровските решенија се усогласени со коалициските партнери.
Ковачевски со нова влада и старо нови ветувања пред Собранието
„Нашата цел да составиме стабилна Влада со јасни принципи на делување е исполнета. Ваквата Влада ќе значи ефикасност во работењето и стабилност во решавањето на сериозните предизвици кои ни претстојат“, рече тој. Централниот одбор на СДСМ на вечерашниот состанок ги изгласаа предлозите за идните министри во новата Влада.
Ковачевски: Во преговорите не може да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци
Претседателот на државата Стево Пендаровски на Ковачевски му го врачи мандатот за состав на нова влада на 29 декември, по што почна да тече рокот од 20 дена, односно не подоцна од 20-тиот ден во кој мандатарот треба да го достави составот на новиот владин кабинет и на владината програма до Собранието. Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот.