Во бомбардирање во Етиопија убиени 17 цивили
Напади со дронови во регионот има речиси секојдневно, изјави за новинската агенција АП еден хуманитарен работник.
Етиопските влада и војска не одговараат на прашања за овој напад.
ОН - На најранливите во светот ќе им треба помош од рекордни 41 милијарди долари
Претседателот на САД Џо Бајден го повикал премиерот на Етиопија Аби Ахмед и изразил загриженост за војната која се води меѓу етиопските сили и бунтовниците во Тиграј.
Во телефонскиот разговор, Бајден изразил загриженост поради притворањата и убиствата на цивили во Тиграј, но ја пофалил владата зашто пред неколку дена ги помилува лидерите на бунтовниците.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека тие разговарале и за начините за воспоставување дијалог со кој би се постигнал мир.
Премиерот на Етиопија на Твитер напиша дека разговорот бил искрен.
Војната во регионот Тиграј во декември влезе во нова фаза, кога бунтовничките сили се повлекоа по офанзивата на етиопската армија.
Војната изби во ноември минатата година по повеќемесечните политички тензии меѓу премиерот Аби Ахмед и лидерот на Тиграј кои со години се најголема политичка сила во владата.