Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма
![Продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма](https://gdb.rferl.org/e1470000-0aff-0242-d784-08d9b8f5a7a5_w800_h450.jpg)
Во Виена денеска треба да продолжат разговорите меѓу светските сили и Иран за враќање кон договорот за зауздување на иранската нуклеарна програма. Разговорите беа прекинати на 28 јануари, бидејќи главните преговарачи се вратија во нивните главни градови на консултации. Иран вчера соопшти дека отстранувањето на американските санкции е црвената линија на Техеран во разговорите со светските сили во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.
САД ги ублажија санкциите за иранската нуклеарна програма
Во петокот, Соединетите држави најавија извесно ублажување на санкциите, а иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан го опиша потегот на САД како „добар, но недоволен“.
Иран бара САД да ги укинат санкциите за да се вратат на договорот
Иран, кој негира дека сака да има нуклеарни бомби, постепено ги прекрши нуклеарните граници на нуклеарниот договор како реакција на американското повлекување од пактот во 2018 година и повторното воведување на санкции кон Иран. Техеран и Вашингтон одржаа осум круга индиректни разговори од април во Виена, со цел враќање на договорот, според кој Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за отстранување на меѓународните санкции што го притиснаа неговиот извоз на нафта.