Вето и корективни мерки се двата инструмента кои и стојат на располагање на Бугарија за блокирање на натамошниот процес на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ доколку Скопје ја прифати понудената рамка за преговори со Унијата, велат експерти за РСЕ. Како и да е, Првата меѓувладина конференција за Македонија е всушност политички состанок кој ја симболизира „фазата на отворање на преговорите“. Вистинските преговори всушност почнуваат со Втората меѓувладина конференција која е условена од промената на Уставот, анализираат експертите за евроинтеграции.