Расправата за францускиот предлог во Собранието продолжува утре
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која пратениците расправаат за францускиот предлог. Расправата продолжува утре во 11 часот. Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Дебатата во Собранието и денеска се одвиваше во слична атмосфера како што започна и вчера со користење на вувузели и свирежи... Читать дальше...