Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Нова експлозија во Кабул- најмалку две лица загинаа, 22 лица се повредени

Експлозија одекна во претежно шиитска област на авганистанската престолнина, при што загинаа најмалку две лица, а повредени беа 22, во втората експлозија за два дена за која одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава (ИД) предводена од сунитите во Кабул.



Денешната експлозија ја погоди областа Сухтех Пул во Кабул, дом на голем дел од шиитското муслиманско население во градот. Портпаролот на полицијата назначен од талибанците изјави дека еден од ранетите е во критична состојба.



Во соопштението на својот канал Телеграм доцна денеска, ИД соопшти дека го извршила нападот. Само еден ден претходно, најмалку осум лица загинаа, а 18 беа ранети во шиитска станбена област во Кабул во експлозија за која одговорност презеде ИД.



Бомба скриена во количка натоварена со зеленчук експлодираше во Кабул


Сведок за Радио Азади, сервисот за РСЕ во Авганистан,  изјави дека „силна експлозија“ погодила област исполнета со продавници во кои посетува шиитско население.



„Во моментов, амбулантни возила од областа ги превезуваат ранетите и загинатите во болниците во градот Кабул“, рече сведокот.



Џавед, жител на Кабул, на Радио Азади ги повика талибанските сили да ја заштитат нивната безбедност. 


Шиитите во Авганистан моментално ги одбележуваат првите 10 дена од исламскиот свет месец Мухарам, а на 8 август верниците се собираат во џамиите и учествуваат во поворки.


По вчерашната експлозија, Канцеларијата на Мисијата за помош на Обединетите нации во Авганистан (УНАМА) на Твитер објави дека талибанските власти треба да спречат „такви индискриминирачки“ напади.



„УНАМА го осудува вчерашниот напад во мнозинската шиитска област во Кабул, кој предизвика десетици жртви. Де факто властите мора да спречат вакви индискриминирачки напади, да започнат темелна и транспарентна истрага. Нашето сочувство до семејствата на загинатите и брзо закрепнување на повредените“, се вели во соопштението.


Ричард Бенет, специјалниот известувач на ОН за човекови права за Авганистан, ја осуди експлозијата и рече дека сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата.



Откако ја презедоа власта по повлекувањето на силите предводени од НАТО во август 2021 година, талибанците не успеаја да постигнат признание за својата влада, при што голем дел од Западот бара од групата да ги почитува правата на жените и малцинствата во земјата.



Талибанците тврдат дека „не знаеле“ дека Завахри бил во Авганистан


Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела рече дека Талибанците „грубо ги прекршиле“ направените договори со тоа што го сместиле и го засолниле Ајман ал-Завахри, лидерот на Ал Каеда кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул на почетокот на август.



Раководството на талибанците соопшти дека не знаело за присуството на Завахри во главниот град, иако извор изјавил за Радио Азади дека тој живеел во куќа за гости во сопственост на министерот за внатрешни работи, инсталиран од талибанците, Сираџудин Хакани.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *