На Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите од поплавите
Пакистан бара помош за справување со поплавите
Третина од Пакистан моментално е „под вода“, рече министерката за климатски промени Шери Реман, нарекувајќи ја „криза од незамисливи размери“. Во Пакистан во тек е акција за давање помош на ранливите и меѓународната помош полека почнува да пристигнува. Пакистанските власти го припишуваат разорното време на ефектите од климатските промени и тврдат дека Пакистан ги трпи последиците од неодговорните еколошки практики во другите делови на светот.