Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

За Брнабиќ писмото од парламентарците од САД и ЕУ е поддршка за Курти

Српската премиерка Ана Брнабиќ на 8 август на социјалната мрежа Х (порано позната како Твитер) напиша дека писмото од парламентарците на ЕУ и Америка кои бараат построги мерки против Србија е „добредојдено“ бидејќи е „жив доказ“ дека косовскиот премиер Албин Курти навистина ужива „целосна поддршка и охрабрување за поткопување на мирот и стабилноста на Балканот“.


На 7 август десетици политичари од Европа и од САД испратија писмо до високи функционери на Европската Унија и Вашингтон, барајќи промена на пристапот во однос на Косово и Србија.


Британската пратеничка Алиша Кернс објави писмо адресирано до американскиот државен секретар Ентони Блинкен, министерот за надворешни работи на ЕУ Џозеф Борел и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли. Таа рече дека ова писмо го потпишале десет претседатели на комисијата за надворешни работи и 56 заменици.


Во писмото се оценува дека Косово се соочило со големи последици „по обидот на градоначалниците да влезат во нивните канцеларии на северот на Косово“.


„Косово треба да се координира со КФОР во иднина со цел да се спречат ескалации. Сепак, недостатокот на притисок врз Србија по самоволното приведување на тројца косовски полицајци и неуспехот да се повикаат на одговорност оние кои извршиле напади врз КФОР укажуваат на недостиг на еднаквост во решавање на тензиите“, се наведува во писмото.




Во време на зголемени тензии, Србија на 14 јуни уапси тројца косовски полицајци.


Брнабиќ на мрежата Х објави дека највпечатлив пример за немање кредибилитет и објективност на оние кои го нашишале ова писмо е тоа што Алиша Кернс „успела да биде една од ретките поединци чии јавни изјави мораше да ги негира КФОР“.


Имено, на 4 јули, британската пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика на британскиот парламент, Алиша Кернс, во парламентот изјави дека оружјето од Србија на Косово се шверцува во амбулантни возила и дека се „чува“ во просториите на Српската православна црква.


КФОР на 5 јули објави дека настанот што го спомена Кернс се однесува на 2022 година, кога Кралскиот пешадиски баталјон беше вклучен на северот на Косово во поддршка на КФОР.


„Наводното присуство на нелегално оружје беше пријавено во штабот на КФОР, но по понатамошната истрага за да се најде потврда, не се појавија докази за она што беше објавено“, соопшти тогаш КФОР.


Косовскиот премиер Албин Курти на 5 јули изјави дека работат на проверка на информациите презентирани од Кернс.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *