Армен Саркисјан нов претседател на Ерменија
Ерменскиот парламент го избра Армен Саркисјан за нов претседател на земјата. За негово назначување, гласаа 90 пратеници, а 10 беа против. 64 годишниот Саркисјан е актуелен амбасадор на Ерменија во Велика Британија и е поранешен премиер на земјата. Тој на функцијата ќе го замени Серж Саркисјан, кој според опозицијата, не може да стане премиер на земјата и така да ја задржи својата моќ. Серж Саркисјан кој не е во роднинска врска со идниот претседател го номинираше Армен Саркисјан како избор на партијата на републиканците на 19 јануари. Читать дальше...