Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Август
2018

Новости за 09.08.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Лондон против промена на границите на Балканот

Велика Британија смета дека повиците за промена на границите на Балканот можат да донесат нестабилност во регионот, соопшти денеска Британската амбасада во Приштина.  „Веруваме дека повиците за промена на националните граници може да доведат до дестабилизација“, се нагласува во одговорот на Амбасадата до Радио Слободна Европа - програма на албански јазик.  Во дописот на Амбасадата се истакнува дека британската Влада поддржува нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, за кои смета дека се од витално значење за безбедноста... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Русија подготвува одговор за санкциите од САД

Русија подготвува „контрамерки“ за новите санкции од страна на САД. За руските власти новите санкции се неприфатливи. Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе воведат санкции против Русија, бидејќи ја сметаат за одговорна за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.  Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по информациите за новите санкции ги обвини САД дека се обидуваат да ја „демонизираат“ Русија и изјави дека Москва ќе подготви одговор на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Референдумот и кривичната за Јакимовски – главни теми во дневниот печат

Претстојниот референдум за договорот за името со Грција и кривичните пријави за поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски, се главни теми во дневниот печат.

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици тела на авганистански војници пронајдени по напад од Талибанци

Тела на десетици авганистански војници се пронајдени во базата што талибанските борци ја нападнаа минатата недела во јужната провинција Урузган, соопштија воени власти. Гувернерот на областа рече дека досега се пронајдени и транспортирани тела на 40 војници. Но многу војници се уште се водат за исчезнати по нападот кој се случи на 3 август. Талибанците, пак, соопштија дека во судирите во базата и на неколку контролни пунктови загинале 46 авганистански војници и дека војници не се убивани во талибанските центри за притвор.

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 29 деца загинаа во напади во Јемен

Десетици луѓе, меѓу кои најмалку 29 деца загинале при денешните напади од воздух во северен Јемен, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесува Франс прес. Нападите се случиле во област која е под владение на бунтовниците. Воздушните напади ги изведува коалицијата предводена од Саудиска Арабија, против иранските бунтовници Хути. Според коалицијата предводена од Саудиска Арабија станува збор за „легитимна воена акција“, спроведена според меѓународното хуманитарно право.

SlobodnaEvropa.mk 

ЗНМ и ОДИХР разговарале за Изборниот законик и референдумот

Власта и опозицијата го злоупотребуваат референдумот за да обезбедат финансирање на нивната политичка пропаганда за изборна кампања со јавни пари предизвикувајќи огромни штети врз слободата на медиумите и професионалното новинарство, изјавил претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани. На средбата со претставници на Набљудувачката мисија на ОДИХР. Тие разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, а кои имаат директно влијание врз работата на медиумите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев - Скапароти: Членството во НАТО овозможува перспективна иднина

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Врховниот командант на НАТО силите за Европа и командантот на Командата на американските сили во Европа, генералот Куртис Скапароти.  Двајцата соговорници, истакнале дека членството во НАТО овозможува перспективна иднина за Македонија и се согласиле дека ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот и на поширокиот регион, соопштија од владината прес-служба. Генералот Скапароти на премиерот Заев му упатил пофални зборови за припадниците на АРМ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Грција се формира нова служба за управување со вонредни состојби

Грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита се укинува и ќе биде заменет со Националната служба за управување со вонредни состојби што ќе биде независна јавна служба која хиерархиски ќе биде под Министерството за внатрешни работи, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, презентирајќи го новиот модел на цивилна заштита, по катастрофалните пожари во областа Атика што одзедоа над 90 човечки животи. За формирање на оваа служба се одвоени 500 милиони евра, пари од Европскиот фонд за инвестиции... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во рудникот „Иловица-Штука” немало да се користи цијанид

Рудникот за бакар „Иловица-Штука“ нема да користи цијанид и сулфурна киселина во постапката, соопштуваат од фирмата Еуромакс ресурсис. Во нивното соопштение стои дека нивниот проект е целосно безбеден и дека рудникот ќе работи според највисоките стандарди за животна средина. „Отворањето на рудникот ќе има бенефит за локалната и националната економија. Ќе се отворат 500 нови директни работни места и над 2.700 индиректни вработувања во компаниите изведувачи. На национално ниво проектот ќе учествува... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ - Промената на името нема да го реши проблемот со корупцијата

Резултатите од борбата на СДСМ против корупцијата се разочарувачки, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Според нив земјата е претворена во дувло на криминалот и корупцијата, а потврда за тоа добила и од ГРЕКО. „Република Македонија никогаш, баш никогаш, во скоро 20-годишната историја откако е член на ГРЕКО нема добиено негативен извештај. Тоа докажува дека, ако во секоја држава има мафија, тука, со доаѓањето на власт на СДСМ, мафијата си доби своја држава“, стои во соопштението. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сомнителните случаи не се заразени со западнонилска треска

Кај двата сомнителни случаи нема присуство на вирус на западнонилска треска, покажале испитувањата на Институтот за јавно здравје, изјави денеска доктор Лилјана Кузмановска од Институтот. Испитувањата успедија по сомневањата дека кај жена и дете можно е да има вирус на западнонилска треска. Западнонилската треска се пренесува со убод од заразени комарци. Граѓаните кои патуваат треба да се заштитат од убод од комарци. Човекот се заразува ако го касне заразен комарец

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК: Избирачкиот список денеска е ставен на јавен увид

Во Избирачкиот список кој денеска е ставен на јавен увид за претстојниот рефрендум за името се запишани вкупно 1.805.700 граѓани, а Државната изборна комисија најдоцна до 7 септември ќе го заклучи Избирачкиот список во кој ќе бидат извршени сите промени што произлегле од увидот, при што се очекува бројката на гласачи да се промени, изјави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.  Таа објасни дека промена во Избирачкиот список граѓаните може да направат само со барања што ќе бидат поткрепени со соодветна документација. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за храна најави засилени контроли за присуство на ГМО во храната

Агенцијата за храна и ветеринарство во следниот период ќе спроведе засилени контроли за Генетски модифицирани организми (ГМО) во храната, најави денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов. Тој изјави дека засилените контроли доаѓаат по откривањето во мај годинава на 550 килограми ГМО ориз во кочанско од увозно семе и присуство на увозни соини трошки и шницли од Србија. Атанасов наведе дека оризот произведен од увозно семе, кој е најден во магацинот на операторот, се уште не се знае кој е неговиот производител... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО членството носи подобар живот и безбедност за граѓаните

На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, интересот на државата и идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен, иднина или изолација, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со командантот на НАТО силите во Европа, генерал Куртис Скапароти, кој изрази надеж дека земјата ќе стане 30 та членка на Алијансата

SlobodnaEvropa.mk 

НБРМ: Банките најзначен фактор за стабилноста на финансискиот систем

Македонскиот финансиски систем минатата година работеше во поповолно опкружување во однос на 2016 година, одржувајќи ја својата стабилност и непречено работење во сите сегменти, се вели во заклучоците од Извештајот на НБРМ за финансиската стабилност на Македонија во 2017 година.     Во извештајот е наведено дека банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем и на одделните финансиски институции и оти во текот на минатата година немало позначителни... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ: Се залагам за разграничување со Албанците

Се залагам за разграничување со Албанците, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ истакнувајќи дека тоа не го крие и оти тоа е политиката што ја претставува.  „Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми, изјави денеска Вучиќ во Шид додавајќи: „Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците“, изјави Вучиќ. Според него, дали во тоа ќе се... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ГРЕКО: Македонија без опиплив напредок во борбата против корупцијата

Македонија нема опиплив напредок во борбата против корупцијата, оценува телото за борба против корупцијата на Советот на Европа ГРЕКО во својот најнов извештај.   Во него се наведува дела резултатите во Македонија се “очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години. Советот на Европа вели дека само шест од деветнаесет препораки се имплементирани.  „Во однос на пратениците ниедна од препораките не е имплементирана ниту делумно, освен кодексот за пратениците. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца Палестинци загинаа во израелски воздушни напади врз Газа

Три лица загинаа во последниот бран на израелски воздушни напади кои беа извршени денеска врз десетици цели во Газа, додека палестинските милитанти истрелале голем број ракети во Израел. Според Министерството за здравство во Газа, во бомбардирањето загинале бремена жена, нејзината 1-годишна ќерка и милитант на Хамас. Најмалку седум Израелци се повредени од ракетите истрелани од Палестинците. Израелската армија соопшти дека 150 ракети биле истрелани врз Израел, додека израелските воени авиони... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија мора да има програма за трансплантација на срце

Професор доктор Александар Николиќ, шеф на кардиохируршкиот оддел во Аџибадем Систина вели дека по зафатот со вградување вештачко срце тој очекува во Македонија да заживее и трансплантацијата на срце. Сите земјите во регионот имаа трансплантација, вели тој.

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца новинари уапсени во Белорусија

Локалениот дописник на германскиот меѓународен радиодифузер Дојче веле Павлук Биковски, е уапсен во Белорусија поради сомненија за нелегално добивање информација од државната новинска агенција „БелТА.“ Неговата сопруга доцна синоќа изјави дека Биковски бил уапсен од страна на офицери на Истражниот комитет и оти ги конфискувале сите негови компјутери и кредитни картички. Истражниот комитет во соопштение наведе дека заедно со Биковски истиот ден е уапсен уште еден новинар, Алексеј Жукау, исто така... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вето на законот за поголема моќ на полската владејачка партија

Претседателот на Полска Анджеј Дуда најави дека ќе воведе вето на новиот полски закон за изборите за Европскиот парламент конципран да ги блокира малите партии, а значително да ја зајакне владејачката партија Право и правда. Полскиот претседател изјави дека со новиот закон изборниот праг за влез во Европарламентот ќе се зголеми на 12 насто од сегашните 5 проценти со што им се оневозможува на малите партии да добијат европратеници.

SlobodnaEvropa.mk 

САД ќе воведат санкции против Русија за случајот Скрипал

Американското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе воведе санкции против Русија, бидејќи ја сметаат за одговорна за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија. Стејт департментот наведе дека санкциите ќе бидат воведени, бидејќи Русија користела хемиско оружје со што го прекршила меѓународното право. Санкциите треба да ги одобри Конгресот по што на 22 овој месец треба да стапат во сила. Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во бесознание во англискиот град Солзбери. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти денеска престојува во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно, генерал Скапароти официјално ќе биде пречекан во Министерството за одбрана, каде ќе има средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска. По средбата, генералот Скапароти ќе ја посети касарната „Илинден“, каде ќе биде изведена и показна вежба. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата и аферите - има ли двојни аршини?

Според аналитичарите, оваа влада реагира подобро од претходната за наводите за злоупотреби и притисокот од јавноста, но сепак тоа не е доволно. Постои и впечаток дека во некои случаи има и двојни аршини, па затоа тие инсистираат на системски мерки.

SlobodnaEvropa.mk 

Бибер: идејата за бојкот на референдумот евтин потег

„Договорот од Преспа за името заслужува широка општествена и политичка поддршка. Жално е што опозицијата и претседателот не го видоа значењето на договорот и го користат за политички поени“, вели во интервју за МИА, Флориjан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац кој додава: „Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема за цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот. Опозицијата во Црна Гора многу позрело настапи... Читать дальше...


Суд рассмотрит 17 мая продление ареста фигурантам дела о теракте в «Крокусе»

На Юбилейной площади Пензы расстелили зеленый газон

В МИД Германии сообщили о возвращении посла Ламбсдорфа в Москву

Путин: Калужская область готова развивать сотрудничество с КНР в автосфере



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Жители Подмосковья получили свыше 5 млрд рублей дохода по пенсионным договорам со СберНПФ

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о конкурсе «Моя страна – моя Россия»

Собянин рассказал о мерах поддержки предпринимательства в Москве

Почему я спокоен за Министерство обороны и за то как будет развиваться экономика России в ближайшие 6 лет?

Музыкальные новости

В Армении прошел крупнейший на постсоветском пространстве «Бессмертный полк». Видео. Фоторяд

В мире могут закрыть поставки из Китая. «Святой Ленин» на встрече В.В. Путина и Си Цзиньпина повышает качество жизни народам России, Китая, всего мира.

Состоялась Байкальская театральная школа в Бурятии: Россия и Культура, Дети

Россия, Культура, Дети: конкурс на новую эмблему обьявил Театр Ульгэр в Республике Бурятия

Новости России

Акция "Тайна выцветших строк", ко Дню славянской письменности

Как выглядит новая возлюбленная Александра Балуева и мать Глеба Матвейчука

Пашинян оказался один на один с массовым народным движением протеста

В Москве создан научно-экспертный совет по сохранению и развитию парка «Лосиный Остров»

Экология в России и мире

Стало известно, куда неожиданно и массово устремились российские туристы на майские: это оказался вовсе не обычный курорт, а работающий по специальному закону

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео

Участники Всероссийской олимпиады школьников по математике выбрали Marins Park Hotel Нижний Новгород

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Спорт в России и мире

Свищёв: МОК и ITF не будут реагировать на призывы наказать Хачанова

Диего Шварцман: «Два чилийца в полуфинале в Риме. Шесть латиноамериканцев в топ-30. А ATP в следующем году уберет один из турниров в Южной Америке»

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Moscow.media

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Правоохранители проверили бывших мигрантов в Джанкое

Axenix выводит на рынок систему поддержки принятия решений SmartAx







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *