САД: Белград и Приштина мора да предложат нивно решение
Американската амбасада во Белград порача дека е време учесниците на преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни и оти Белград и Приштина мора да предложат решение кое нема да дојде од надвор. САД се подготвени да се вклучуваат во преговорите со цел да помогнат да се најде меѓусебно договорена спогодба. Нормализацијата на односите, според американската амбасада во Белград, ќе отвори јасна перспектива за двете земји за евентуално членство во ЕУ.